И покрај многу агресивната маркетингшка кампања, најновиот албум на кралицата на попот Мадона доживеал комерцијален неуспех. Иако албумот наречен “MDNA” дебитирал на првото место на топ листите, поради што менаџерот веднаш изјавил дека Мадона се враќа на голема врата на музичката сцена, состојбата се променила за само неколку седмици.
Како што одминувале деновите и седмиците, така опаѓала и продажбата, и тоа од почетните 379 илјади примероци во првата седмица, на само 46 илјади во последната. Причината за неуспехот наводно се крие токму во тоа што рекламната кампања била премногу агресивна, додека музиката била премногу млака.