Поп пејачката Бритни Спирс рекла дека нејзиниот нов албум мора да биде перфектен. Пејачката работи на продолжение на албумот од 2011 година “Femme Fatale”, а фановите ги известила дека албумот пристигнува наскоро.
Таа на Твитер напишала дека стигнува побргу отколку што фановите очекувале. Бил наменет за најверните обожаватели, така да морал да биде перфектен. Таа неодамна го објавила промо синглот “Ooh La La” како поддршка за новиот филм „Штрумфови 2“.