„Дали и каков синдикат им е потребен на новинарите во Македонија“ е темата на тркалезната маса што ќе се одржи денеска и утре во Охрид.
Новинари од пишаните и електронските медиуми ќе се актуелизираат прашањата дали им е потребно синдикално организирање и зошто новинарската фела во Македонија е најмалку организирана во синдикати во однос на другите категории вработени.
Излагачи и модератори ќе бидат синдикални инструктори од Сојузот на синдикати на Македонија.
Тркалезната маса ја организираат ССМ, Синдикатот на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија-ГИФИХ и фондацијата „Фридрих Еберт“.
Ohridnews