За заканите била запознаена и полицијата, а Героски очекува дека набрзо ќе дознае кој бил испраќачот, иако како што вели не било прв пат некој кукавички да се обиде да го замолчи.
„Сум направил неколку грешки што во конкретни слични случаи на закана, дури во еден случај кој го расчисти полицијата пред една година јас не ги пријавив луѓето. Никого во животот досега не сум тужел, а можеби требаше, можеби некојпат треба човек да тужи, да стави некого кај што му е местото – зад решетки, заради пример“, изјави за А1, Бранко Героски.