Во сообраќајната несреќа што денеска околу 12.30 часот се случи на регионалниот патен правец  Охрид – Струга (кај мислешевски пат), посериозно се повредени 4 лица.


Меѓу повредените во судирот на автобус и патничко моторно возило, е и новинарката на А1 телевизија Нина Кепеска, која управувала со автомобилот. Таа има скршено ребро и е под стрес од доживеаната несреќа. По лекарската помош, што и била укажана во градската болница во Струга, и болницата, „Св Еразмо“ во Охрид, таа се наоѓа на домашно лекување.


Во изјава за „Ohridnews“, Кепеска рече дека се чувствува добро, но поради сериозниста на повредата ќе мора да мирува извесен период. „Имам скршено ребро и ќе морам да одморам одредено време“, рече Кепеска. Таа видно вознемирена од настанот, вели дека е голема среќа што судирот не завршил со фатални последици. Причина за несреќата, според неа, е лошото време и неисчистениот и лизгав коловоз. Кепеска ни кажа дека во моментот на несреќата таа и камерманот на А1, Ричард Калајџи, кој минал неповреден, оделе на настан во Струга. Пред нив се движело уште едно возило кое изгубило контрола на лизгазиот коловоз, по што уследила рефлексна реакција, по која возилото со кое патувала екипата на А1 исто така изгубило контрола, по што дошло до судир  со автобус со битолски регистарски таблички кој се движел во спротивен правец. Возачот на автобусот за да избегне директен судир свртел во десно и се превртел надвор од патот. Двете возила се движеле бавно што придонело да се избегне поголема несреќа.


неисчистениот и лизгав коловоз предизвика сообраќајна несреќа

Во судирот полесно се повредени и три лица од автобусот во кој имало десетина патници.