Во текот на мечот од словачкото хокеарско првенство помеѓу Банска Бистрица – Попрада се случи непријатен инцидент во кој настрада новинарката Барбара Зиачикова.
Пакот со кој се игра во хокејот случајно заврши во лицето на новинарката. Таа поради сериозноста на повредите со возило на брза помош била префрлена во болница и оперирана на десното око. Лекарите оптимисти се дека окото комплетно ќе и се врати во функција, бидејќи сега не може да гледа поради повредите.
Во следниов период ќе и бидат направени уште неколку оперативни интервенции се со цел подобро заздравување и надминување на страотната повреда.
OhridNews