Во пораката на директорот на УНЕСКО, по повод овој ден меѓу другото се вели: „Слободата на информирање е принцип кој организациите и власта имаат должност да го споделат и да понудат отворен пристап до информациите кои тие ги поседуваат на оние кои што ги посакуваат, врз основа и на правото јавноста да биде информирана.
Правото да се знае или да се биде информиран е централно за оддржување на други базични права, за поттикнување на транспарентноста, правдата и развојот. Рака под рака надополнето со правото за изразување, правото да се биде информиран ја поткрепува демократијата.“
Здружението на новинарите на Македонија ги повикува сите новинари и медиумски работници во Македонија, традиционално, со Пет минути громогласна тишина од 11.55 до 12.00 часот, да го одбележат Светскиот ден на слободата на медиумите.
– Потсетуваме дека од почетокот на 2010 година убиени се 36 новинари во светот. Но, потенцираме дека новинарите во Македонија се мета на секојдневни уцени, закани и експресни пресуди. Затоа, мораме да го дигнеме својот глас против оваквите тенденции. Нека се слушне новинарскиот молк во Македонија како опомена до сите оние кои сакаат да не замолчат!- се вели во соопштението на ЗНМ по повод 3ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите.