Новинарите од Охрид, Струга и Дебар на средбата што денеска се одржа во во малата сала на Општина Охрид, се запознаа со Изборниот законик и правилата за предизборно известување.
 
Претставници на Советот за радиодифузија ги запознаа новинарите со главните точки од Изборниот законик, Измените и дополнувањата на изборниот законик, како и со Правилата на Советот за радиодифузија за медиумско претставување на претстојните локални и претседателски избори.


На трибината меѓу другото беа презентирани правилата на медиумско претставување, ценовникот на платената политичка програма, објавувањето резултати од испитувања на јавното мислење, начинот на финансирање на изборите, казнените одредби и слично.

На трибината беше упатен повик до новинарите и сопствениците на медиуми секој обид за евентуален политички притисок да го пријават до Советот за радиодифузија, како и до Државната изборна комисија. За прекршување на правилата за предиборно известување, Изборниот законик предвидува високи казни за прекршителите и до 300 илјади денари, како и забрани за емитување програма.

Ohridnews