Ослободувањето следува по одржаниот состанок на македонскиот конзул, Томислав Димитров со преставници на локалната полиција. Засега нема официјални информации за причините за апсењето на двајцата новинари.
Според новинарот Момироски, грчката полиција како причина за приведувањето го навела недозволеното снимање на јавен објект. Тој додава дека немало груб однос кон него и неговата колешка Милена Ѓоргиевска за време на двочасовниот притвор.
Момироски и Ѓоргиевска биле уапсени пред зграда на грчка служба, во моментот кога разговарале со етнички Македонци кои ваделе лични документи.
„Дојдоа лица од државна безбедност и не одведоа во полиција. Ни беше укажано дека сме сториле кривично дело за кое може да се добие и затворска казна и до 10 години. Откако ги проверија камерите и не најдоа ништо спорно, бевме ослободени“, изјави Момироски за „Макфакс“.
извор: Makfaks