Во спортскиот центар „Климент Колески“ охридската медиумска заедница одигра ревијален фудбалски натпревар во чест на прерано починатите ДЏ Пантер и ДЏ Бруце од охридското Супер радио, колегата Петар Алексоски од ТВМ и Јован Слатинец-ДЏ Мравка.
Преку овој натпревар, новинарите и вработените во локалните Тв и Радио куќи, и интернет портали, потсетија на прерано починатите свои колеги.
Организаторите најавија дека фудбалскиот натпревар кој има меморијални цели, од оваа година ќе прерасне во традиционален.
OhridNews
фото: „Фејсбук“