Охрид и Скопје од 2-14 декември ќе бидат во центарот на вниманието на европската спортска јавност. Македонија за прв пат е домаќин на сениорско првенство во ракомет за жени, што се смета за најголем спортски настан организиран во земјата од нејзиното осамостојување.


Камерите подготвени

Натпреварите во групите Б и Ц кои ќе се играат во салата „Билјанини извори“, каде ќе настапи и актуелниот европски шампион Норвешка, во Охрид привлекоа педесетина новинарски екипи од земјава и странство. Најбројни се разбира се токму норвежаните кои позади салата „Билјанини извори“ имаат посебни мобилни студија. Условите за работа на новинарите во салата во Охрид  се на високо ниво. Покрај посебниот пулт за следење на натпреварите во функција е и пресс центар, сала за конференции за печат и интернет конекции. Новинарите  ги зазедоа своите места.


се праќаат првите извештаи


прес салата


микс пултот


сателитски сигнал до Европа


норвешкото мобилно студио


„Ohridnews“ дел од големиот спортски настан

Г.М.