Новинарите деновиве се етикетирани, навредувани, омаловажувани, а неретко и тепани, истакна претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, кој јавно ги повика сите политички актери наместо, како што вели, да се пресметуваат за медиумите на сметка на новинарите, да се заложат зеднички да почне отворен и конструктивен дијалог низ кој ќе се идентификуваат слабостите и ќе се понудат решенија за проблемите.

– Не сакаме никого да обвинуваме, туку само  предупредуваме дека со ваквиот начин на третирање на медиумите, не им се помага на новинарите, изјави Селмани.

Тој истакна дека  ЗНМ не е против гонење и санкционирање на прекршителите на законот, но смета оти притоа не треба да страдаат медиумите и новинарите.

OhridNews