Туроператори, претставници на туристички агенции и медиуми од повеќе европски земји од 2-ри до 5-ти април 2015 година ќе престојуваат во Охрид како дел Промотивната тура за презентација на туристички потенцијали, која ја организира Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид.
На промо – турата која се одржува втора година по ред, ќе учествуваат претставници на медиуми од Турција, Русија, Словенија и Србија, како и претставници на туроепратори,туристички агенции и туристички работници од Израел, Унгарија, Украина, Австрија, Бугарија и Србија. Исто така учесници ќе бидат и претставници од турската авиокомпанија „Јетлифе“.
-Според предвиденото учесниците на промо-турата е предвидено да ги посетат сите знаменитости на градот и околината, да ги посетат охридските хотелски капацитети и да остварат средби со нивните менаџменти. Целта е Охрид и неговиот туристички потенцијал да биде промовиран во нивните медиуми но и да се отвори можност за склучување на директни договори за нови туристички пакети и отворање нови авио линии до Охрид. Со организацијата на овој настан, локалната власт става акцент на новиот пристап на промовирање на туристичкиот потенцијал на градот, велат од Секторот за ТЛЕР.
Оттаму информираат дека во тек е подготовка на нови идејни решенија за туристичко лого и слоган за Охрид, коишто во иднина би се употребувале во сите промотивни кампањи.
OhridNews