Еден новинар на украинската телевизија во вторникот предизвикал голем скандал појавувајќи се во зградата на парламентот облечен како зајак. Тој на работното место се појавил во костумот во знак на протест на понекогаш комичното однесување на пратениците. Тој така облечен ја работел својата вообичаена работа интервјуирајќи ги пратениците.
Тој потсетил на неодамнешната тепачка во украинскиот парламент, кога неколку пратеници биле повредени, и рекол дека парламентот станал вистински циркус. Од одделот за медиумите се обиделе да го исфрлат од зградата со аргумент дека не е облечен според правилата. Неговите колеги го бранеле појаснувајќи дека парламентот нема правила за облекување, па новинарот продолжил да работи. Сепак, некои од политичарите со кои секојдневно разговарал одбивале да му дадат изјавји.