На 26- февруари, четврток, започнува новиот тримесечен циклус од едукативната  програма Детски час за приказни која Црвен крст Охрид ја спроведува во соработка со Американскиот Мировен Корпус.

Програмата се покажа како многу успешна, затоа што не е класична програма за изучување на англискиот јазик, туку на забавен начин децата се доближуваат до книгата. Се трудиме да им ја претставиме книгата како нивен пријател и редовно да ја позајмуваат од нашата библиотека , да ја засакаат англиската литература и самиот јазик. Истражувањата покажале дека доколку децата на помала возраст се изложуваат на изучување или слушање странски јазик, подоцна изучувањето ќе биде полесно, вели Мимоза Ставреска, координатор за организациско стручни работи во Црвен крст- Охрид.

Покрај, креативните, забавно-едукативни содржини наменети за децата од 4-8 годишна возраст, овој циклус ќе изобилува и со корисни содржини за родителите, кои во времето додека нивното дете е на Детскиот час за приказни, ќе имаат можност да учествуваат на советодавните работилници, за корисни теми поврзани со психофизичкиот развој, здравствените навики, социјализацијата на своите деца.

Формиран е тим од стручни лица, психолози, педијатри, стоматолози, дефектолози,  кои секој четврток додека децата учат јазик ќе можат да разговаараат со родителите за однапред определени теми кои се однесуваат на правилниот раст и развој и нега на детето и психофизичкиот развој, додава Ставреска.

Едукативната програма Детски час за приказни се спроведува шеста  година по ред.

Т.К: