Значи апликантите за патни исправи преку СМС порака на телефонскиот број 144166 (со префикс на кој било од трите мобилни оператори –ВИП, Т-мобиле, ОНЕ) ќе може да купат било каква таксена марка, која им е потребна за пополнетите документи. При тоа е важно, по испратената кодна порака, граѓаните да го задржат повратно добиениот трансакциски код кој што ќе треба да го сочуваат и презентираат пред шалтерскиот работник.
Имено, за секоја од бараните услуги наведен е соодветен коден број заедно со цените на таксените марки. Најпрво во пораката се пишува кодот, потоа името, презимето на барателот на услугата, и цената на таксената марка потреба на за бараната услуга. После секој од наведените информации (код, име, презиме, цена) потребно е да се остави празен простор. Така срочената порака се испраќа преку горенотираниот телефонски број, и се чека повратната порака во која што граѓанинот ќе добие соодветен трансакциски код кој е потребно да се сочува до моментот кога ќе биде побаран од шалтерскиот работник при апликација за услугата.