Кошаркарската школа “Старс“ формирана пред шест месеци е уште показател дека интересеот за кошарката е огромен во Охрид.


Во школата членуваат околу 100 – на дечиња од најразлични возрасти поделени во 4 групи.


Формирани се три машки групи поделени на возраст од 5 до 14 години како и една група девојчиња.


Со школата работи проф. Гоце Тасески, а тренизните и обуката се одржуваат во салата при ОУ Христо Узунов.


Заинтересираните кои би сакале да ја научат тајната на кошаркарската игра од мали нозе може да се зачленат во школата со пријавување на тренинзи во понеделник и среда од 19.30 до 21.30, како и во сабота од 09 до 13 часот.

М.П.