Во текот на ноќта, централниот дел на Италија го погоди уште еден земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер. Според најновите информации, во потресот од понеделникот досега загинаа 278 лица, од кои 16 деца. Деветмина од нив се уште не се идентификувани. Меѓу загинатите се идентификувани и шест лица, државјани на Македонија, соопшти Центарот за управување со кризи.


Околу 18.000 луѓе, кои останаа без своите домови, ќе бидат сместени во околу 3.000 шатори. За потребите на населението обезбедени се 14 полски болници, 31 шаторска населба и 24 кујни.
   
Во полската болница во Л’Аквила и понатаму пристигнуваат повредени лица. По првичното згрижување на повредите, потешко повредените се префрлаат со хеликоптер во други болници.

Ohridnews