Нови засилувања во тимот на фудбалскиот клуб ГФК Охрид Лихнидос. Деновиве беа објавени имињата на новите играчи.
22 годишниот Емил Скоко ќе ја засили средината од теренот, а во клубот доаѓа од редовите на Тетекс.
26-годишниот Наумче Бакрачески е играч од средниот ред. Тој доаѓа од редовите на Пелистер, а претходно играше и за Брегалница, Тиквеш и Металург.
20-годишниот Марко Ѓоргиевски игра на крилните позиции, доаѓа од редовите на Борец, а претходно настапуваше и за екипите на Ракитовце и Подбрезова од Словачка.
Воедно екипата на ГФК Лихнидос го започна припреминиот период во кој ќе бидат одиграни пет пријателски натпревари. Со екипата веќе тренираат и новите засилувања.
OhridNews