Летото е зад нас и полека се враќаме на рутината исполнета со секојдневни обврски кои често знаат да не исцрпат. Најдобар одговор на стресот и интензивната работа е опуштање и добра забава со пријателите. За таа цел ИБ Спорт Центар ја освежи понудата со нови забавни и друштвени игри и го адаптираше работното време на потребите на посетителите кои повеќе од една деценија задоволно ги користат услугите на познатиот спортски центар во Охрид.

Новиот клуб за забавни игри и друштвени активности на ИБ Спорт Центар кој неодамна почна со работа, отворен е секој ден од 09 – 00 часот, а во петок и сабота работи до 01 часот. Љубителите на друштвени игри и забавни активности тука ќе може да одиграат некоја партија билијард, класичен или билијард со кегли, шах, пикадо… а помеѓу да уживаат во шоља кафе, кригла пиво или друг пијалак по исклучително достапни цени.

Со новото забавно клупче ИБ Спорт Центар ja збогати ионака исклучително богатата понудата на рекреативни активности. Покрај фитнес, пилатес, боди билдинг, футсал, одбојка, тенис, ракомет, кошарка, пинг понг… познатиот спортски центар во понудата сега има и забавни содржини идеални за добра дружба во есенските и зимските денови.

OhridNews