На првиот меѓународен натпревар „Пијано фест“, што се одржа во Битола, учениците од ОМУ „Методи Патче“ од класата на професор Даниел Чуркоски, во конкуренција на многу кандидати од повеќе европски земји, ги освоија највисоките награди.

Прва награда освоија учениците: Атанас Неделкоски, Девид Малик и Владимир Србиноски. Втора награда освои Лука Димиќ.

Николај Петкоски освои специјална прва награда со која се пласира на финалниот концерт со натпреварувачки карактер, на кој ја освои и специјалната награда на Општина Битола.

OhridNews