Дождот кој изминатата ноќ врнеше во Охрид претпладнево премина во снег кој веќе формираше снежна покривка од неколку сантиметри. Снегот го отежна одвивањето на сообраќајот на градтските коловози кои се влажни и лизгави.


Нови врнежи од снег во Охрид

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег.  Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана на патот од Маврово до Дебар преку превојот Стража, додека  на планинскиот превој Пресека тешките товарни возила се пропуштаат само со зимска опрема. Отежнат сообраќај во зимски услови поради врнежи од снег со остатоци на коловоз, има на патните правци низ планинските превои Ѓавато, Буково и Плетвар, Тетово – Попова Шапка и Страцин – Крива Паланка.


На возачите им се препорачува внимателно да возење, прилагодување на брзината на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Внимателно низ клисурите и засеците на можната појава на поситни одрони, особено на патниот правец Маврово – Дебар каде појавата на одрони и лизгање на земјиште е почеста. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. Зголемен интензитет се очекува кон зимските туристички центри. Потсетување за возачите на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.

Ohridnews