Како резултат на потребата од дополнителен медицински кадар, Општа болница- Охрид, на крај од месец септември ќе вработи 11 лица.

Пред се станува збор за луѓе кои веќе неколку години доаѓаат на работа во болницата со договор на дело. Како што потенцира потпаролот на оваа здравствена институција, д- р Сашо Василески, крајно време е да се реши нивниот работен статус, пред се и поради фактот што законот повеќе не дозволува вработувања со договор на дело. Па така, ќе се задржи само персоналот од кои болницата реално има потреба.

Најавите се дека со новите вработувања ќе се зголеми бројот на медицинскиот персонал во Одделението за урологија, хирургија, инфективното и одделението за нервни болести. 

Т. К.