Зголемена е понудата на стипендии за ученици и студенти  преку воведување на нови категории, односно се доделуваат 25 различни видови стипендии, а на дел од постојните износите се зголемуваат речиси двојно.

 

Студентските стипендии се зголемуваат на 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студенти запишани на математика, хемија и физика кои и натаму ќе добиваат по 18.000 денари месечно. Воведуваме и стипендирање на втор и трет циклус на студии во државата. За прв пат воведуваме стипендии за трет циклус на студии за одредени дефицитарни струки. Доделуваме 15 стипендии од по 18.000 денари за 12 месеци во годината, а ги вративме по цела една деценија и стипендиите за постдипломски студии во државата и доделуваме 50 стипендии од по 9.000 денари за 9 месеци во годината. Конкурсите се објавени предвреме за сите да имате доволен период за обезбедување на потребната документација и во соодветните рокови да аплицирате и да го остварите своето право”, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска на средства со студентите од Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.

Од оваа академкса година за студентите се воведува субвенциониран студентски оброк за сите редовни студенти од државните и приватните Универзитети. Аплицирањето за оваа субвенција која е во висина од 2.400 денари месечно е во тек. 

 

OhridNews