Екипи од ЈП „ Охридски комуналец“ вршат разубавување на градскиот парк и зелените површини во градот со нови цветни содржини.
Се засадуваат цветни садници од сопствено производство на претпријатието од расадникот со топли леи : петунија, сурфинија, агератум, импатиенс, сардела, џунџуле, салвија, винка и др.
Предвидено е да се засадат околу 40.000 садници во градскиот парк и голем број зелени јавни површини во централниот и периферниот дел од градот.
OhridNews