Ракометарите на Охрид запишаа нови три бодови во Супер лигата победувајќи го Металург 2 со убедливи 40-26 (21-8) во 11-та рунда од шампионатот.


Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски на стартот со серија од 8-0 (10-2) си го отворија патот до седмата победа во низа.

Предноста на Охрид растеше од минута во минута, а до крајот на првиот дел изнесуваше плус 13 (21-8).


„Гладијаторите“ во еден момент од мечот имаа 18 голови позитива, но ротациите и пред се опуштеноста во играта им дозволи на гостите да го ублажат поразот.

Со овој триумф „сино белите“ ја чуваат втората позиција на табелата пред лидерот во Супер лигата, Металург кој е следен ривал во 12-та рунда од првенството.


Р.К. Охрид : Пецаков, Колев (5 одбрани), Костески (6 одбрани), Павловиќ, Андоновски 5, Кежиќ 1, Хогас 5, Белевски 5, Трифуноски 5, Тасески 6, Печенковски 3, Новаковиќ 3, Вражалица 2, Стојановиќ 3, Димески 1, Најдески 1.

Р.К. Металург 2 : Обреновиќ (3 одбрани), Доневски, Реџиќ 1, Петрески 1, Шулевски 1, Стојковски 4, Димитриоски 9, Стојменов, Шилегов 3, Петковски (2 одбрани), Лембанов 1, Смилевски, Митревски, Лазаревски 2, Беќароски, Гошевски 3.

Мх.П.