Вицешампионот Мистер И, Кадмо и Ви Бајк се новите три екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2015“.
„Црните“ и Ви Бајк со минимални 1-0 славеа над Инсомнија односно Продавници Хермелија Ангеловски, а Кадмо по изведувањето на пеналите 6-5 (1-1) го елиминираше тимот на Фирст Клас.
Пласман во четвртфиналето претходно обезбедија Бел Мерцедес, Спаски Пердул и АСП Пак.
Резултати :
Ви Бајк – Продавници Хермелија Ангелоски 1-0
Кадмо – Фирст Клас 1-1 (6-5)
Инсомнија – Мистер И 0-1
Двојки :
21:00ч Дооел Ноче – Св. Спас Лакочереј
22:00ч Сливница Ресен – Дебрца Гуго Фул
Ohridnews