Натпреварите од третиот ден на меѓународниот ракометен турнир Струга 2013 ќе се одиграа во спортско рекреативниот центар „Тими“.

Вака одлучи организациониот одбор во договор со екипите поради временските неприлики кои ја зафатија Струга денес.

Мечевите се поместени за еден час и така Вардар програмата ќе ја отвори со Иври во 19:30 часот. Потоа следува дуелот меѓу Металург и Версај и мечот на домаќинот Струга со Брест Мешков.

Мх.П.