Во очи Велигденските празници улицата „Кирил и Методиј“ која води до Горна порта доби ново улично осветлување. Старите искршени канделабри се заменети со нови, со што влезот во стариот дел на градот од мрачен простор стана пријатно место за пешачење и рекреација. Оваа улица сега станува побезбедна и за учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ кои секојдневно се движат по неа. Промената на уличното осветлување на ул. „Кирил и Методиј“ е во рамки на подготовките за Самитот на претседатели што од 2 – 5-ти мај ќе се одржи во Охрид.


ново  осветлување на ул. „Кирил и Методиј“

ohridnews