Министерот за образование Никола Тодоров ги презентираше новите три типа на стипендии за средношколци за учебната 2010/2011 година.
Четиристотини стипендии ќе бидат доделени како социјална поддршка на средношколците во износ од 1 500 денари во период од девет месеци.
„Можеби 400 стипендии за социјална подршка не се доволни за целосно да го решат овој проблем, но сигурен сум дека 400 семејства, чии што деца се ученици во средно образование ќе имаат можност за подостоинствен живот и подобри услови за учење – рече Тодоров.
Педесетина ученици со посебни потреби ќе бидат стипендирани месечно со по 2 000 денари.
За стипендиите за социјална подршка и за ученици со посебни потреби од 100 бода, 60 бода се по основ на остварени приходи и плати во потесното семејство, 20 бода од остварениот приход и 20 бода за деца без родители, деца на самохрани родители, деца на родители со посебни потреби, корисници на социјална помош и корисници на надоместок по основ на технолошки вишок.
Конкурсот за стипендиите ќе биде објавен во понеделник, на кој ќе може да се аплицира до 15 декември.
извор: „Макфакс“