Вселенскиот супертелескоп „Џејмс Веб“ сними и прати спектакуларни слики од Нептун. Тука се гледаат и прстените и „патеките“ од прашина што ја опкружуваат ледената планета.
Инфрацрвените инструменти на опсерваторијата ги истакнуваат одликите коишто не се видени толку подробно откако сондата „Војаџер 2“ прелета покрај планетата во 1989 година. Надвор од самата планета се гледаат и седум од 14-те месечини, од кои најзначајна е Тритон.
Научниците се заинтригирани и од различните структури на облаците, кои треба да кажат нешто ново во науката и за атмосферата на Нептун.
OhridNews