Годинава за прв пат на Градскиот базен се одржуваат часови по Аква Аеробик со интернационалниот тренер по аеробик Љупчо Ѓуроски. Часовите се одржуваат секој вторник и четврток од 19,00 до 20,00 часот.
Покрај стандарните содржини Градскиот базен годинава ќе понуди и детски фестивали, ноќно кино, детски театар, пинг понг, бадминтон, мали фудбалчиња.
Ј.П.‘’Билјанини Извори’’ ги поканува граѓаните да го посетат Градскиот базен.