Здравствените власти вчера потврдија уште 3 нови случаи на туларемија, објавија националните медиуми. Со тоа бројката на заболени достигна 13. Најмногу заболени од туларемија се регистрирани во Каратманово и во Арачиново, а надлежните велат дека постои можност на овие места локално да се прогласи епидемија.

-Може да се прогласи епидемија само на тоа подрачје, но сепак за тоа треба да заседава комисијата, планирано ни е за утре да имаме уште една седница да видиме како ќе се одвива работата, дали овека ќе сопре или ќе имаме и нови случаи повторно локализирани на тоа подрачје, тогаш да,  тоа е една од опциите, рече министерот за здравство Никола Тодоров.

Надлежните велат дека мора да се почитуваат препораките на комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на заразата. Ќе се врши дератизација на канализациските мрежи во Гостивар, Тетово, Берово, Велес. Туларемијата не се пренесува од човек на човек, туку преку директен контакт со заразени животни,  од каснување од крлежи и вошки, при вдишување на прашина каде има бактерија на туларемија, при пиење контаминира вода и јадење контаминирана храна и термички недоволно обработено месо.

OhridNews