Денеска се тестирани 38 лица. Позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата изнесува 42, објави пред малку министерот за здравство Венко Филипче.

Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија. – истакна Филипче.

На предлог на Владата, претседателот на државата Стево Пендаровски, вечерва прогласи вонредна состојба. Со тоа на Владата и се даваат широки овластувања да носи акти во ранг на закони, како и вонредни и итни мерки за менаџирање на кризата со коронавирусот.

Г.М.