Во основното училиште во село Требеништа деновиве се врши заменување на старата дограма со нова, односно се поставуваат енергетски-ефикасни прозори и врати. Активностите се во рамки на проектот „ Енергетска-ефикасна општина“, а договорот за неговата реализација е склучен помеѓу општина Дебарца и Здружение на граѓани Проактива.
Во училиштето ќе се поставува и ламинатен под, а ќе се обновува и фасадата на објектот со средства од буџетот на општина Дебарца.
Како што потенцира градоначалникот Игор Трајкоски со оваа инвестиција во голема мера ќе се подобрат условите во кои учениците ја следат наставата.
OhridNews