Пред Собранието на Република Македонија во Скопје вечерва се одржа уште еден протест против Договорот за промена на името склучен помеѓу владите на Македонија и Грција изминатиот викенд во Преспа.Протестот мина мирно и без инциденти.Присутните најавија нов протест денеска претпладне во 11 часот, за кога е закажана седницата на парламентот на која ќе се разгледува Договорот за промена на името.

OhridNews