Со свеченост што ќе се одржи денеска, во употреба ќе бидат предадени просториите наменети за активности на невладините организации од Охрид.
Просториите се целосно новоизградени и се наоѓаат во нискиот партер на училиштето “Братство и Единство“ кај Крст-џамија, а први ќе се вселат членовите на Здружанието на хендикепирани кица “Порака“, информираат од локалната самоуправа.
Новите простории за невладиниот сектор во употреба ќе ги пушти градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.