Во низата промени и нови одлуки поради мерките и протоколите во време на пандемија на коронавирусот, организаторите на Австралија Опен планираат да ги исклучат линиските судии.
Со исклучувањето на линиските судии, организаторите сакаат да го намалат бројот на луѓе, кои ќе партиципираат на теренот. Линиските судии ќе бидат заменати со „око соколово“, кое ќе се грижи за сите обврски кои им припаѓаат на судиите.
Системот „око соколово“ беше тестирано на мастерс турнирот „Синсинати“ и тенисерите како и организаторите беа задоволни од успешноста.
Австралија Опен се соочува со големи проблеми, затоа што дел од хотелите каде требаше тенисерите да го поминат задолжителниот 14-дневниот карантин најави тужби за организаторите, бидејќи не биле навремено информирани.
Грен слем турнирот во Австралија кој е прв во Новата 2021 година ќе стартува на 8 февруари.
OhridNews