Бразилската фудбалска супер ѕвезда Нејмар се соочи со проблеми во родната земја, откако даночните служби му ги „замрзнаа“ авионот и хеликоптерот поради затајување на данок во 2013 година.

Медиумите од Бразил, информираат дека Нејмар не платил данок во висина од 15.7 милиони евра кога се пресели од Сантош во Барселона.

Даночните служби му го запленија авионот на Нејмар кој вреди 18 милиони долари и хеликопторот во вредност од 2 милиони долари. Во мирување ќе останат додека случајот не се разреши.

Нејмар оваа сезона нема премногу причини за радост, а проблемите со даночните служби во родната земја е капак на се. Бразилецот се повреди и надвор од теренот беше три месеци и не можеше да му помогне на ПСЖ во походот кон ЛШ, а пред некој останаа и без трофејот во Купот на Франција.

OhridNews