-Овој состанок беше со цел да направиме подобра координација помеѓу локалните тимови за заштита и спасување и да видиме на лице место каква е ситуацијата на терен по последните врнежи на снег и да видиме што ќе преземеме. Наредната недела се очекува да има зголемени температури, при што се очекува нагло топење на снегот, кој во големи количини наврна изминатив денови. Значи на овој состанок се договоравме, какви превентивни мерки ќе преземеме за наредната недела. –изјави Миле Јанакиески, Министер за транспорт и врски. Тој објасни дека денеска ќе започнат анализите за превземање на активности за пренасочување на дел од реката Сатеска во старото корито, со што значително ќе се намали дотокот на вода во Охридското Езеро.
На состанокот било разговарано и дека од големо знаање е чистењето на речните корита од реките кои се во сливното подрачје на езерото, со цел да се спречат евентуални поплави на населени места или на обработливото земјиште.
-Се договоривме да се преземат активности за чистење на реката, Далјан, Коселска. Изминативе неколку дена се направи многу за заштита на колекторскиот ситем, пред се се работеше на заштитата на пупните станици во Елешец и Пештани, а денес ќе се работи и за заштити на Колекторскито ситем на потегот од Метропол до Пештани. Ќе се прави насип во должина о д 200 до 300 метри. Ние со сите расположливи средства ќе работиме на тоа подрачје, а надзор ќе вршат стручни лица од Проаква. –изјави Зоран Коњановски, министер за одбрана.
Министритете и претставници на Координативното тело денеска ги посетија критичните места на охридско-струшкото крајбрежје каде во тек се активности за заштита од поплави.