Во најновиот број на хрватскто списание за литература ТЕМА објавен е пообемен избор песни од Славе Ѓорѓо Димоски под заеднички наслов “Ноќта е црна Лиебе Мариа“. Кон изборот е додаена поширока биобилиографија. Песните се преведени од повеќе преведувачи.

Славе Ѓорго Димоски (1959, Велестово) е автор на голем број поетски книги меѓу кои Гравири, Студен порив, Последните ракописи, Форми на страста, Темно место, на неколку есеистички и на четрири детски книги. Десет книги му се преведени на други јазици, а поединечни песни и поетски циклуси преведени му се на дваесет и седум јазици. Добитник е на повеќе домашни и странски награди меѓу кои „Браќа Миладиновци“, „Гранпри на европската поезија“, орденот за поезија „Сергеј Есенин“ и др., како и највисокото општински признание „Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“, кое го добил двапати, во 2000 г. за афирмација на градот Охрид во земјата и светот и во 2012 за целоикупно творештво.Минатата година проф.д-р Кристина Николовска ја објави книгата Поезија-небо, есеистико-теоретски осврт на неговата поезија. 

Актуелен претседател е на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

OhridNews