Непресушениот извор на ракометни таленти во Македонија, ракометниот клуб Струга доби ново раководство кое има сериозни амбиции за во иднина.


Веднаш,новото раководство со нова спортска опрема ја опреми целата екипа, а тоа е само почеток на големите планови пренесува интернет порталот Спектра.

Во екипата членуваат ракометари до 21 година кои ја сочинуваат и првата екипа, која моментално се натпреварува во Првата лига.

Следната сезона струшкиот состав со младите сили ќе атакува на влез во Супер лигата и ќе биде онаму каде што и е местото на Струга.

Еден од главните планови на клубот е изградба на нов терен со кој ќе се подобрат условите за работа на школата од која никнале многу македонски репрезентативци.

Фото: Архива
Ohridnews