Министерството за труд и социјална политика обезбеди нови помагала за слепите лица- говорни мерачи на шеќер во крвта, притисок, говорни топломери и часовници, часовници на брајово писмо.
– Годинава ќе издвоиме околу 1 милион денари за околу 800 примероци на помагала кои ќе им користат на членовите на Националниот сојуз на слепи лица. Се работи за говорни мерачи за притисок, за шеќер во крвта, индикатори за течност, говорни топломери и часовници, часовници на брајово писмо, кои треба да им го олеснат животот на слепите лица”, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Планирана е и набавка на леќи на слабовидните лица кои ќе им користат за читање, образование и воопшто во секојдневниот живот.
OhridNews