Во Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека денеска ќе се знае кој угостителски објект е затворен по најновото труење со храна на петтемина туристи, пишува „Дневник“.
Пред 4 дена триесетина деца од Србија беа примени во болниците во Струга и Охрид со симптоми на труење од храна, поради што Државниот санитарен инспекторат издал решение за времено затворање на хотелска кујна во Струга и слаткарница во Охрид.