Јавното комунално претпријатие вчера во центарот на градот и чаршијата постави повеќе нови пепелници со вреќи за отпад. Се очекува оваа иницијатива на „Охридски Комуналец“ да придонесе за зголемување на јавната чистота во градот, со оглед на тоа што сега пушачите ќе имаат каде да ги фрлаат отпушоците, кои најчесто завршуваа на плочникот или во тревниците.


Нови пепелници во чаршијата

OhridNews