Општина Дебрца во соработка со Македонската развојна фондација за претпријатија која го спроведува проектот за алтернативен туризам постави патокази и знаци и инфо табли кои го означуваат движењето до водопадите во месноста Караорман и кањонот на реката Песочица.

– Со тоа се уредени шумските патишта во планината Караорман и на љубителите на природата и авантуризмот им се овозможува да ја увидат природната реткост сместена во пазувите на планинатата Караорман, нагласуваат од локалната самоуправа.

На патоказите се наведени правецот на движење и означени се километрите до самото место. Патоказните знаци започнуваат од влезот на селото Песочани.

OhridNews