Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски во пресрет на решавачкиот натпревар со Ерменија во УЕФА лигата на нации ќе мора да направи одредени измени во ростерот.

Поради жолти картони ќе паузираат Бобан Николов и Стефан Спировски, а ослободен од обврските е Езџан Алијоски. Претходно ослободени од обврските беа капитенот Горан Пандев, Аријан Адеми и голманот Столе Димитриевски. Згора на се Елиф Елмас и Стефан Ристовски се жалеле на повреда.

Ангеловски експрено реагираше и дополнителен повик испрати до Душко Трајчевки кој игра Докса (Кипар), Томе Китановски кој го носи дресот на Македонија Ѓорче Петров и до капитенот на Вардар, Дарко Мицевски. Ангеловски ќе може да смета на Енур Тотре кој го прескокна дуелот со Естонија.

Македонија решавачкиот меч со Ерменија го игра в среда (18 ноември) на островот Кипар.

OhridNews