За време на изминатиот викенд од страна на дежурните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ повторно е забележано оштетување на зеленилото од страна на несовесни граѓани.

Искорнети се неколку дрва од видот “Каталпа” и истите се пронајдени исфрлени во нивна непосредна близина. На истиот простор е извршено палење на сувата трева и на шест палми.

Случајот е пријавен во полиција.