Петнаесеттина нови наслови, веќе можат да се изнајмат од охридската библиотека. На задоволство на љубителите на пишаниот збор најновите преводи и издадени книги од македонски автори веќе се на полиците во библиотеката.
Книжниот фонд сега располага и со следните наслови: „Попатно” од Влада Урошевиќ, “Тхе патх”–Тони Гичевски, „Филозофи аскети” од Ферид Мухиќ, „Мултикултурализмот кај децата”–Сања Стојанова, „Утеха за жената”–Плутарх, „Случајот Вагнер”–Фридрих Ниче, „Мисли со боцки”–Иван Карадак, „Острење со тапоста”–Иван Антоновски, „Романот за тајната книга”–Јордан Плевнеш, „Психологија на детето”–Алфред Адлер, „Врати кон неоткриеното”–Јован Стрезовски, „Слепиот музичар”–Владимир Короленко, „Македонската апстрактна терминологија и нејзиното наследство”–Витомир Митевски, „Мултикултурата во националните електронски медиуми на Балканот (1989-2008)”–Мишо Нетков.
OhridNews