НУ Библиотека „Григор Прличев“ го збогатува книжниот фонд со нови девет наслови од литературата за деца и млади.
„Свадбата на Ежо и Ежа“ од Александар Кујунџиски, Збирката од група автори „За Денот на детето’ издание на Вера Б Самарјанин, „За сите деца“ од Вера Лилиќ и „Тино од мојот влез“од Жарко Кујунџиски.
Посебен интерес кај читателите се очекува да предизвикаат петте книги од авторката Пола Харисон во кои главен лик е девојчето Кити и се прикажани нејзините згоди и незгоди со златниот тигар, бркотницата, големата парада , спасувањето и авантурата во небесната градина, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“
Пултот за издавање од понеделник до петок е отворен од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
OhridNews